Селекцијата дебитант Велс и една од потесните репрезентации за трофејот Белгија ќе ги одмерат силите во втората четвртфинална пресметка на Европското првенство.
Велс има деби од соништата и сигурно Герет Бејл и дружината ќе направат се тоа да потрае барем уште еден натпревар.
„Црвените ѓаволи“ по поразот од Италија во групите фатија ритам и токму сега од нив се очекува да го покажат вистинското лице кое ќе ги одведе во 1/2 финалето.
Селекцијата што ќе помине од овој дуел ќе се сретне со Португалија која на пенали ја елиминираше Полска.
Натпреварот се игра во 21 часот, а главен судија е Дамир Скомина.
OhridNews