Голема фама и тензија се крена во загребската „Арена“ после одлуката на литванските арбитри да досудат пенал во корист на Германија на дуелот со Словенија по прегледувањето на видео снимката која е новивет и се воведе токму на ова првенство. Германците го реализираа пеналот и стигна до реми (25-25), а словенците останаа без победата.
После погодокот на Блаж Јанц за 25-24, германскиот голман ја фрли топката на центар, а Вајнхолд кој се наоѓаше во кругот немаше можност да упати удар кон противничкиот гол поради недозволеното чување од Благотиншек.
Новите правила во ракометот околу намерен прекршок или неспортска игра во последната минута се јасни. Секој ваков прекршок се санкционира со црвен картон и пенал, што покажува дека одлуката на литванскиот судиски двоец е правилна, a словенците поради глупавиот потег на Благотиншек останаа без победата и двата бодови.
OhridNews