Селекторот на македонска ракометна репрезентација, Ивица Обрван ја потврди одлуката за остранување од селекцијата на Даниел Дупјачанец и Мартин Веколвски која ја донесе неговиот помошник Данило Брестовац.
Двоецот кој доаѓа од Металург задоцни на доручекот и на тренигот потоа со што ги прекрши правилата во селекцијата.
– Запознаен бев со целиот случај и апсолутно застанувам зад одлуката на Брестовац. Можам да кажам дека искрено жалам што еден така искусен голман и еден млад играч, кои дебитираат во националниот тим, се однесувале на таков начин. – рече Обрван.
Со ракометарите од поширокиот список селекцијата ќе тренира уште неколку денови, а потоа селекторот ќе го скрати и ќе ги објави репрезентативците кои ќе ја бранат честа.
– Засега продолжуваме со овие ракометари кои ги имаме на располагање, со доаѓањето на Јоноски ќе бидеме комплетни, а евентуалното кратење на списокот би требало да следи по новогодишните празници. – додаде селекторот.
Европското првенство во Полска започнува на 15 јануари, а Македонија на премиерниот натпревар ќе се сретне со Франција.
Ohridnews