Од кога 61 гол и 30 асистенции не се доволни за еден ракометар да биде прогласен за најкорисен во тимот. Но, ако и тоа не е доволно, тогаш според кои параметри хрватскиот интернационалец Копљар се најде пред Кире Лазаров во идеалниот тим.
Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров на седумте одиграни меча постигна 61 гола, просечно по 8.7, а притоа е втор на листата асистенти со 30 асистенции или 4.3 по меч. Македонија заврши петта.
Хрватскиот репрезентативец Марко Копљар кој се најде место македонската “сеумка“ вонидеалниот тим постигна 21 гол на седум меча, три гола просечно по натпревар, имаше 13 асситенции или 1.9 по натпревар.  Храватска ќе игра за бронзен медал.
МВП играчот Момир Илиќ кој со Србија ќе игра во финалето на седумте меча даде 32 гола и имаше 16 асистенции или просечно 2.3 по натпревар. Србија ќе се бори за злато.
М.П.