Хрватите прават разно разни анализи каква казна ги очекува, а делегатот во УЕФА, Душко Грабовац го предвиде најлошото можно сценарио.
– Високата парична казна и одземањето на бодови е најреален исход од целата оваа ситуација. Тоа што се случи на „Пољуд“ нема никаква поврзаност со фудбалот и дојде до точката каде нема враќање назад. – рече Грабовац и додаде : Сите мора да се согласиме дека ова е дното на хрватскиот фудбал. Но, во овој момент треба да размислуваме со ладни глави и да бараме начин да излеземе од оваа криза.
„Коцкастите“ имаат одличен биланс во квалификациите за ЕП во Франција, но честите испади на ултрас навивачите скапо може да ја чини најдобрата селекција на Балканот.
Мх.П.