Светскиот шампион Германија одново е фаворит на охриѓани за освојување на златниот медал од Европското првенство во Франција.
Охриѓани „слепо“ и веруваат на Германија и со над 50% од гласовите е далеку пред Франција и Португалија која со победата над Велс обезбеди натпревар за тронот.
Сепак, „панцирите“ пред себе во 1/2 финалето имаат ѓаволска тешка задача бидејќи за противник го имаат домаќинот и најголемиот фаворит за трофејот, Франција.
Германците пред две години на Мундијалот во Бразил во 1/2 финалето за противник го имаа домаќинот кој го претрпе најтешкиот пораз во историјата губејќи 7-1.
ЕП: Германија е фаворит за тронот на охриѓани !
OhridNews