Охриѓани веруваат во победа над Србија и пласман во втората фаза на македонската репрезентација на Европското првенство во Полска.


Македонија во 18 часот и 15 минути против Србија го игра одлучувачкиот натпревар на Европското првенство, а 60% од гласачите на анкетата на Ohrid News гласаа за победа на „црвено жолтите“.

26% од гласачите типуваат на триумф на Србија додека 13% гласаат дека ќе нема победник на решавачкиот натпревар во А групата. Покрај победа, на Македонија и одговара и реми поради подобрата гол разлика од Србија.


Збирно место на „црвено жолтата“ фаланга од Охрид е кафе барот Шила каде атмосферата треба да кулминира со победа на Македонија.

OhridNews