Натпреварот помина изедначано, битката србите ја добија во одбраната каде на голот брилираше Дарко Станиќ со 17 одбрани наспроти 11 на својот колега од данската репрезентација Никлас Ландин. Момир Илиќ постигна осум погодоци додека легендата на данаскиот ракомет, Кристијансен четири пати ја погоди противничката мрежата.
Полска го “преболе“ поразот од Србија и со убедливи 41-24 ја прегази селекцијата на Словенија. Во меѓусебниот дуел помеѓу Полска – Данска ќе се одлучи која репрезентација ќе пренесе два бодови во наредната фаза.