Домаќинот на премиерата на ЕП, триумфираше над Полска со 22-18 (11-7). “Орлите“ низ целиот меч ја имаа контролата на резултат, благодарение на одличниот голман на Металург, Дарко Станиќ. Со шест погодоци Никчевиќ и Вујина беа нај прецизни во составот на “орлите“.

Фаворитот за висок пласман Данска, немаше посериозни проблеми да ја совлада Словачка со 30-25 (15-12) во првото коло од Групата А.

Во наредната втора рунда, Србија ќе се сретне со Данска додека поразената Полска утеха ќе бара во мечот со Словачка.

Резултати : Полска – Србија 18-22 , Данска – Словачка 30-25.

Мх.П.