Домаќинот Србија ќе игра против Данска во финалето на десеттото Европско првенство. До финалето “орлите“стигнаа преку Хрватска победувајќи со 26-22.

Голманот Станиќ со 12 одбрани беше еден од клучните ракометари во големата победа над лутиот ривал. Илиќ беше најефикасен на мечот со 8 гола. Во “коцекстиот“ тим со седум гола најпрецизен беше Копљар.

Претходно в првото полуфинале Данска минимално со 25-24 ја совлада Шпанија.

Финалето се игра в недела од 17 часот, додека во мечот за бронзата од 14.30 ќе се сретнат Хрватска – Шпанија.

М.П.