Репрезентативец на Македонија, Јован Стојоски финишираше на шестата позиција во финалето на трката 400 метри на Европското првенство до 23 години кое се одржува во шведскиот град Гавле.

Стојоски во финалната трка за една стотинка го подобри време од полуфиналето (47,01), но тоа не беше доволно за медал и искачување на пиедесталот.

Првото место му припадна на францускио атлетичар Саиди Фабрисио кој заврши со време 45, 79, второпласиран беше Калмерс Камерун од Велика Британија со време 45, 92 а трет финишираше Италијанецот Лопез Брајан од Италија (46,16).

Јован Стојоски оствари историски успех за Македонската атлетика!

Македонскиот репрезентативец Јован Стојоски (АК Охрид), денес во финалето на трката на 400 метри го освои 6-то место на Европското првенство под 23 години кое се одржува во Гавле, Шведска. Стојоски во финалето успеа да го подобри времето од полуфиналната трка за 1 стотинка, неговиот резултат во финалето изнесуваше 47.01 секунда. Првото место му припадна на Саиди Фабрисио (Франција) со време од 45.79, втор беше Калмерс Камерун (Велика Британија) со време од 45.92, додека бронзениот медал му припадна на Лопез Брајан (Италија) со време од 46.16.Стојоски во Гавле настапи и во дисциплината 200 метри, но не успеа да ги помине квалификациите, постигнувајќи време од 21.64 секунди.Честитки за Стојоски, и му посакуваме успех и во предстојните натпревари за Македонската репрезентација.https://www.european-athletics.org/competitions/european-athletics-u23-championships/2019/athletics/event/mens-400m/index.html?v=20190713-174808907

Geplaatst door Атлетска Федерација на Македонија op Zaterdag 13 juli 2019

На младинското ЕП, атлетичарот на Охрид настапи и на трката 200 метри, но не успеа да ги помина квалификациите и да се замеша за место во финалето.

OhridNews