Германскиот репрезентативец Марио Гомез, поради повреда на бутниот мускул, ќе го пропушти остатокот од Европското првенство.


Стрелецот на два гола на ЕП бутниот муслул го повреди на четвртфиналниот меч против Италија кој германците го добија по изведувањето на пеналите.

Инаку, Фудбалскиот сојуз на Германија соопшти дека за полуфиналниот меч неизвесен е настапот на Бастијан Швајнштајгер и Сами Кедира.

Во 1/2 финалето на ЕП, Германија силите ќе ги одмери со домаќинот Франција. Мечот се игра четврток во Марсеј.

OhridNews