Со победата над Литванија (3-0) англиските репрезентативци ги заокружија најдобрите квалификации во историјата триумфирајќи на сите десет натпревари во групата.
И без капитенот Вејн Руни во составот англичаните без поголеми проблеми ја совладаа Литванија на гостински терен.
Трите погодоци англичаните ги постигна во период од 29-та до 62-та минута. Резултатот го отвори Рос Баркли, предноста ја дуплираше Аурласкис со авто гол додека конечните 3-0 ги постави Алекс Чембелејн.
Резултати :
Група Ц : Белорусија – Македонија 0-0, Луксембург – Словачка 2-4, Украина – Шпанија 0-1.
Табела : Шпанија 27, Словачка 22, Украина 19, Белорусија 11, Луксембург 4, Македонија 4.
Група Е : Естониа – Швајцарија 0-1, Литванија – Англија 0-3, Сан Марино – Словенија 0-2.
Табела : Англија 30, Швајцарија 21, Словенија 16, Естонија 10, Литванија 10, Сан Марино 1.
Група Г : Австрија – Лихтенштајн 3-0, Русија – Црна Гора 2-0, Шведска – Молдавија 2-0.
Табела : Австрија 28, Русија 20, Шведска 18, Црна Гора 11, Лихтенштајн 5, Молдавија 2.
Мх.П.











