Македонските ракометари во последната рунда од главната фаза се пред (не)возможна мисија да обезбедат пласман меѓу најдобрите четири репрезентации на континеталниот собир. “Црвено жолтите“ во 1/2 финалето ги води победа над Србија, притоа Данска треба да биде поразена од Шведска, а Полска да ја совлада Германија не повеќе од два разлика.


Мечот помеѓу домаќинот на Европското првенство, Србија и Македонија е во последниот термин, а до тогаш се ќе биде јасно дали избраниците на Шундовски ќе имаат шанса за пласман во завршницата на ЕП. Што и да се случи, репрезентацијата на Македонија и “фалангата“ се вистински хит, кој го одбележа Европското првенство.


Во македонскиот состав за натпреварот со Србија се очекува да се вратат, Миркуловски и Јоноски кои се повредија на дуелот со Полска додека во екипата на “орлите“, селекторот Вуковиќ најави дека ќе бидат поштедени ракометарите кои се “алфа и омега“ Илиќ и Манојловиќ.


“Братското“ дерби помеѓу Македонија – Србија е закажано во вечерниот термин во 20:15 часот.

Мх.П.