Репрезентациите на Хрватска и Исланд ги запишаа првите бодови во Б групата совладувајќи ги селекциите на Белорусија (27-21) односно Норвешка (26-25).
„Коцкастите“ кои не се меѓу топ три селекции за медал на ЕП одиграа „топло ладно“, но сепак на крајот се радуваа на победа против белорусите.
Селекцијата на Исланд пак во драматичен натпревар со минимални 26-25 ја совладаа Норвешка која имаше еден плус (11-10) на полувремето.
Во втората рунда Хрватска ќе се сретне со Норвешка додека Исланд ќе ги одмери силите со Белорусија.
OhridNews