Селекциите на Шведска и Украина забележаа победи против Данска (2-1) односно Словенија (2-0) во првите бараж мечеви за Европското првенство во Франција.
Швеѓаните со головите на Форсберг и Ибрахимовиќ стекнаа капитална предност, но Јоргенсен успеа да го ублажи поразот и да го направи реваншот супер интересен.
Украинците пак со по еден гол во двете полувремиња направија крупен чекор кон „визата“ за пласман на ЕП.
Претходно во првите натпревари Унгарија со 1-0 ја совлада Норвешка, а Босна и Херцеговина ремизираше 1-1 со Република Ирска.
Мх.П.











