Македонската ракометна репрезентација и во вториот контролен натпревар ја совлада селекцијата на Црна Гора овој пат со тесни 29-26 (13-11).
Натпреварот кој беше од затворен вид македонскиот селектор Ивица Обрван го одигра без капитенот Кирил Лазаров и чести ротации во фазата напад и одбрана.
Вториот дуел со црногорците беше последен тест за македонските ракометари кои веќе в среда ќе отпатуваат за Полска каде ќе бидат дел од европскиот ракометен крем.
Одново најефикасен беше Дејан Манасков со 9 голови, пивотменот Стојанче Стоилов застана на 5, а Митков реализираше 4. Одличен настап на голот имаше Никола Митрески не дозволувајќи лесни погодоци.
Пред да заминат „црвено жолтите“ селекторот Обрван мора да ги одбере 16-те величествени кои ќе ги бранат боите на државава на континенталниот собир во Полска.
Мх.П.