Македонските ватерполисти со убедлив триумф над Турција 16-4 го отворија ЕП во Холандија. “Црвено жолтите“ ги прокнижија првите бодови во групата во која се наоѓаат Холандија, Италија, Грција, Унгарија и Турција.


Во првиот натпревар од групата, Турците поведоа со 1-0,  потоа на сцена стапија избраниците на Гочанин кои од минута во минута го толчеа противникот. Првата третина “делфините“ ја заврши со предност од 3-1.


Втората и трета четвртина поминаа во симултанка на Македонија, ватерполистите ја наполнаа мрежата до врв на Турците а во последниот квартет концентрацијата во одбраната се намали, а Турција со двата погодоци во низа го постави конечниот резултат.

Наредниот натпревар Македонија го игра утре со лутиот ривал Грција, мечот е закажан во 13 часот во Ајндховен.

Мх.П.