Селекцијата на Полска со триумф над Белорусија 32-27 (19-13) ги залечи раните од шокатниот пораз од Норвешка во првата рунда од главната фаза.
Полјаците доминираа во текот на целиот меч и не дозволија противникот ниту да помисли на поволен резултат.
Победникот полјаците го решија уште во првото полувреме кое го добија со 19-13, а во вторите триесет минут се штедеа, а белорусија намалија само еден погодок.
Во последната рунда од главната фаза во првата група ќе има комплетно одмотување на клопчето околу пласманот на селекциите.
Резултати:
Група 1: Македонија – Норвешка 31-31, Полска – Белорусија 32-27
Табела: Норвешка 7, Полска 6, Франција 6, Хрватска 4, Македонија 1, Белорусија 0.
Мх.П.