Селекциите на Полска, Велс и Португалија се првите селекции кои изборија пласман во четвртфиналето на Европското првенство во фудбал кое се одржува во Франција.


Полјаците во четвртфиналето се пласираа по триумфот над Швајцарија на пенали (5-4) откако регуларниот дел заврши без победник 1-1.

Репрезентацијата на Велс го продолжи дебитанскиот сон на ЕП откако во осминафиналниот меч со 1-0 ја совладаа селекцијата на Северна Ирска.


Португалија со гол во 117-та минута ја совлада селекцијата на Хрватска која имаше иницијатива во текот на целиот натпревар. Човек одлука беше Рикардо Кварезма кој со погодок ја круниса одлична контра на португалците.


Осминафиналните возбудувања продолжуваат в недела со три мечеви на програмата Франција – Република Ирска, Германија – Словачка, Унгарија – Белгија.

OhridNews