Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години со пораз од Белорусија 62-56 го започна Евробаскетот кој се одржува во Охрид и Струга.
Лошиот старт на натпреварот ја чинеше Македонија негатива од 14 поени по првата четвртина. Девојките во продолжението смогнаа сили, но немаа сили за пресврт и подвиг.
Во втората рунда против Финска нашата селекција ќе ги брка првите бодови на Еврошампионатот за селекции од Б дивизијата.
Ohridnews