Селекцијата на Португалија е првиот финалист на Европското првенство во Франција откако во 1/2 финалето ја совлада репрезентацијата на Велс со 2-0.


„Европските бразилци“ полуфиналните дилеми во Лион ги разрешија за три минути. Кристијано Роналдо го отвори резултатот во 50-та минута, а само три минути подоцна по асистенција на Роналдо, Нани го дуплираше водството.

Селекторот на Велс, Крис Колман ја смена формацијата, уфрли два нови напаѓачи, но неможеше да пробие го португалскиот бункер пред голот на Руи Патрисио.


Противник на португалците во големото финале кое ќе се одигра в недела ќе биде подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Франција и Германија.

Мх.П.