Со одигрувањето на третата рунда од првите групи, се комплетираше првата фаза од Европското првенство. Во понатамошниот тек од ЕП, натпреварувањето продолжува во две групи со шест репрезентации, а најдобрите две пласирани патуваат во 1/2 финалето. Разигрување за место ќе има само петто, кое води директно на Олимпијадата во Лондон.


Селекциите кои обезбедија пласман во ТОП 12 на ЕП: Македонија, Германија, Шведска, Србија, Полска, Данска, Шпанија, Унгарија, Франција, Хрватска, Исланд и Словенија.

Мх.П.