Натпреварот од И групата Србија и Албанија е прекинат откако дојде до општа тепачка меѓу навивачите и репрезентативците на Србија и репрезентативците на Албанија.

Во финишот на првиот дел знаме од Албанија леташе на стадионот, репрезентативецот Стефан Митровиќ го дофати, а тогаш се впуштија албанските репрезентативци и тогаш настана голема мешаница на теренот.


Англискиот судија Мартин Еткинсон по консултација со делегатот го прекина натпреварот и ги испрати фудбалерите во соблекувалните.

Мх.П.