Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов ги посети и им посака среќа на ракометните репрезентативци кои во Скопје го одржаа последниот тренинг пред заминувањето во Полска каде ќе се одржи Европкоското првенство.
Иванов на ракометарите им подари македонско знаме како аманет за среќа, а репрезентативците му возвратија со дрес од селекцијата со бројот еден.
„Црвено жолтите“ за Полска заминуваат в среда, а првиот натпревар го играат против бранителот на трофејот Франција в петок.
Фото : Спортмедиа.мк
OhridNews