Репрезентацијата на Велс продолжува да го живее својот дебитански сон на Европското првенство откако со триумфот над Белгија (3-1) обезбеди пласман во 1/2 финалето.


Во историското полуфинале фудбалерите на Велс силите ќе ги одмерат со Португалија која ден претходно ја елиминираше Полска по изведувањето на пенали.

На велшаните не ги поколеба ниту водечкиот гол на белгијците кои го постигнаа преку Раџа Нангалон во 13-та минута.


Капитенот Ешли Вилијамс после половина час ги изедначи бројките на семафорот. Погодокот за реми им даде крилја на велшаните кои ја фрлија во сенка селекцијата на Белгија.


Во 55-та минута Робсон Кану со маестрелен погодок комплетно го сврте резултатот, а пласманот во 1/2 финалето го завери Вокс во 88-та минута од мечот.


Полуфиналниот дуел меѓу Велс и Португалија ќе се одигра на 6 јули со почеток во 21 часот. 

OhridNews