Селекцијата на Русија во втората рунда од групната фаза ја забележа првата победа совладувајќи ја репрезентацијата на Унгарија со тесни 27-26 (14-10).


„Зборнајата“ до триумф ја предводеше ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров кој реализираше шест погодоци.


Исто така забележителен натпревар имаше и Сергеј Горбок со пет голови, а исто колку него запиша и Шелменко.

Репрезентацијата на Словенија успеа да го задржи Светскиот првак од 2013 година Шпанија ремизирајќи 24-24.


„Змајчеките“ констатно водеа и шпанците со погодок во последниот напад се спасуваа од пораз.

Резултати:

рупа Ц: Германија – Шведска 27-26, Словенија – Шпанија 24-24.

Табела : Шпанија 3, Шведска 2, Германија 2, Словенија 1.

Група Д: Русија – Унгарија 27-26, Црна Гора – Данска 28-30.

Табела: Данска 4, Унгарија 2, Русија 2, Црна Гора 0.

OhridNews