Италијанската репрезентација претрча најмногу на досега одиграните мечеви на Еп во Франција. Фудбалерите на Конте за 270 минути претрчаа 337,179 метри. “Најмрзлива“ е селекцијата на Албанија која претрча “само“ 286,713 метри.  

Фудбалерот од средниот ред на Италија, Марко Пароло е рекордер по претрчани километри на еден меч. Тој против Белгија претрча 12,570 метри. 

Најефикасни по групната фаза изненедувачки се селекциите на Унгарија и Велс со 6 постигнати гола. Украина е единствената селекција која не успеа да постигне гол на континеталниот собир (гол разлика 0-4)

Најдобри стрелци со по 3 постигнати гола се Алваро Мората (Шпанија) и Герет Бејл (Велс) додека најдобри асистенти се Арон Рамзи (Велс) и Еден Хазард (Белгија) со по 2 асистенции.

Без примен гол првата фаза ја завршија селекциите на Германија и Полска, додека мрежите на Франција, Италија и Швајцарија се затресоа само еднаш.

Најмногу одбрани има голманот на Исланд Ханес Халдорсон кој 19 пати успешно интервенираше. Исланд прими 3 гола, по еден на секој меч. 

Само два црвени картони беа покажани во првата фаза. Ги заработија Лорик Цана (Албанија) и Александар Драговиќ (Австрија).

Шпанците се најпрецизни во додавањата 93% биле успешни, додека Португалците упатиле најмногу удари кон голот 69 (постигнаа 4 гола).

По двата слободни дена, возбудувањата на ЕП продолжуваат викендов кога на програмата се мечевите од осминафиналето.

ЕП : Комплетирана “шемата“ до финалето

OhridNews