Македонската ракометна репрезентација ги започна финалните подготовки за престојното Европско првенство во Хрватска, откако во стројот се приклучија сите ракометари и селекторот Раул Гонзалес Гутиерез. Репрезентативците во „црвено жолтиот“ дрес се едногласни и обединети дека треба да се фокусираат на секој следен натпревар, а првичната цел е пласман во втората фаза.

– Очекувам да ни се пружи шанси во Хрватска, а на нас останува дали ќе ја искористиме. Неуспехот тешко се заборава, а некои чекаат и најситна грешка за да ликуваат и оспорат. Гордо години наназад стојам како капитен пред македонско знаме и ја слушам македонска химна и сигурен сум дека ќе одиграме натпревари какви што сакаме и умееме. – изјави капитенот на Македонија, Кирил Лазаров.

Македонија во групата се наоѓа со актуелниот првак Германија, се` подобрата Словенија и Црна Гора. – Секако, најважен дуел е за нас е првиот оној со Словенија. Секогаш во првите мечеви може да се случи некое изненадување, а зошто да не го приредиме ние. Од Црна Гора сме поквалитетни, но тие имаат тим за респект и ќе растат од година во година како нашиот пример. Дуелот со Германија ќе биде најтежок, затоа што и со подмладена репрезентација тие стигнаа до златниот медал пред две години. – истакна Филип Миркуловски.

Репрезентацијата на Македонија на ЕП ќе настапи во спој на младоста и искуството, а сето тоа треба добро да се склопи и да се оствари што подобар резултат или пласман во Хрватска.

– На собирот сме поголем дел од младинците кои настапивме на СП во Алжир и мислам дека дојде време ние да им помогнеме на постарите ракометари за што подобар резултат. Многумина викаат да се фокусираме на дуелот со Црна Гора, но зошто да не се испробаме и со Словенија, па не е таа ракометна веле сила. Германија е апсолутен фаворит, но нам некако ни оди од рака да играме со фаворитите, затоа нема да се предадаме. – потенцираше Филип Кузманоски.

Пулените на Раул Гонзалес мечевите ги започнаа на 13 јануари против Словенија, на 15 ги очекува дуел со Црна Гора, а на крајот со Германија на 17 јануари.

OhridNews