Македонските ракометари ја преживеаа групата Б, трите натпревари кои ги одигра Македонија во салата “Чаир“, беа инфракт мечеви, тешки за оние со слабо срце. Но таков е спортот, (не)благодарен. Во месец јануар каде темпаратурите се далеку под нулата “црвено жолтите“ со пласманот во вторите групи, направија повторно да се пее, “Излези момче, право на тераса. . .
Првиот со “викинзите“ имавме напад за победа заврши 23-23. Со Германија промашивме две три колосални шанси за предност, што “панцирите“ умеаа да го казнат, во последниот напад Лазаров ја “здрви“ пречката, а избраниците на Шундовски со наведнати глави го напуштија теренот во Ниш. Се што прокоцкаа со “швабите“, и испуштија со четири кратниот првак Шведска, ракометарите наплатија на решавачкиот меч во групата со Чешка, која буквално беше совладана во секој сегмент.
Македонија ги пакува куферите и заминува во Белград со големото европско друштво, во втората фаза не очекуваат силни и познати противници. Почнуваме со големиот фаворит Данска, кој не се покажа во најдобро светло на ова ЕП. Во втората рунда играме со Полска, ќе се навратиме на СП во Хрватска, кога Алушески со гол во последниот напад ги фрли полјаците на колена, а “црвено жолтите“ триумфираа со минимални 31-30. Втората фаза ќе се комплетира со натпреварот против домаќинот на Европското првенство, Србија, во салата “Арена“ која е со капацитет од 21 000 гледачи се очекува вистинска “војна“ на навивачите.
Македонската фаланга и Шведска во вториот круг пренесуваат еден бод, Србија и Германија имаат по четири, полјаците два а Данска е без бодови.
Целосно се комплетирани активностите за реконструкција на спортските игралишта во подрачниот објект на ООУ „Григор Прличев“ во населба Рача и игралиштето во станбениот комплекс на ул „7 Ноември“ &n...
Ален Ќосевски е нов играч на ГРК Охрид Како што информираат од клубот Ќосевски потпиша на 15 сезона со ГРК Охрид Настапува на позицијата десно крило и има 24 години (184цм) Доаѓа по 65 сезони помин...
Одложениот дерби натпреварот помеѓу екипите на ГКК Охрид и КК Вардар во рамките на 10-то коло од Првата лига мажи ќе се одигра денес во СЦ „Билјанини Извори“ – Охрид со почеток во 13 часот Дерби ис...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.