Поразот од Норвешка и губењето на првата  втората позиција во групата ја прели чашата кај хрватската јавност која побара одговорност од фудбалерите, селекторот и врвот во фудбалска федерација.


За исходот од мечот во Норвешка селекторот Нико Ковач изјави – Одиграв 83 натпревари за селекцијата и секогаш го оставав срцето на теренот. На мечот со норвежаните не го видов тоа. Не се боревме доволно, немавме жар во играта и многу сум тажен поради тоа.

На ваквите обвинувања на селекторот експресно возврати фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ – Тоа е мислење на селекторот. Јас мислам дека сите дадовме се од себе. Разочарани сме од нашата игра која мора под хитно да ја поправиме.

„Коцкастите“ моментално се наоѓаат на третата позиција која води во бараж мечевите за пласман на ЕП во Франција следната година.

Мх.П.