Репрезентативците на Македонија по долга и рамноправна борба загубија од домаќинот на ЕП, Полска со минимални 24-23. По поразот разочараноста во македонската репрезентација беше видлива, но сите мораат да соберат сили за мечот да се биде или не против Србија во вторник.
Ивица Обрван (Македонија) – Им честитам на ракометарите на Полска, но и на моите кои одиграа храбро со срце во сите 60 минути. По моја проценка заслуживме барем бод, но таков е спортот кога нема да ја зграпчеш шансата. Разочарани сме многу, но мора да ги кренеме главите бидејќи не очекува нашиот „финален“ меч.
Борко Ристовски (Македонија) – Сите сме свесни што пропуштивме на овој меч, особено поискусните ракометари. Ако натпреварот го добиевме, ќе ни се отвореа вратите за пласман во полуфиналето. Водевме на полувремето, имавме пад во играта се вратиме, и на крајот не реализиравме напад за реми кое добро ќе ни дојдеше пред мечот со Србија.
Славомир Шмал (Полска) – Пеналите одбранети во вториот дел ја кренаа публиката, а и играчите кои се уште играат под голем притисок. Македонија играше организирано, знаеше што сака, но ние игравме доста трпеливо и на ја крајот тоа се исплатеше. Македонија за разлика од Србија има поискусна екипа, а во вакви мечеви често тоа знае да пресуди. Исто како и нашиот дуел со Франција и тој ќе биде мерак за гледање.
Третата рунда од А групата по која ќе се дознаат патниците во втората фаза ќе се одигра во вторник на 19 јануари.
ЕП : Во „Шила“ се стискаа палци за Македонија (фотогалерија)
ЕП : Едно добро полувреме недоволно за сензација
OhridNews













