Македонија ја имаше фортуната на своја страна на дуелот со Србија кој одлучуваше за третиот патник во втората фаза на Европското првенство во Полска. „Црвено жолтите“ со погодок во финишот се изборија за реми рамно на победа.


Дејан Манасков (Македонија) – Пресреќен сум што успеавме со мојот погодок да обезбедиме пласман во втората фаза. Овој пат и среќата ми се насмевна што не беше случај на последните големи натпреварувања. Тешко го пребродив промашувањето со Германија на ЕП 2012 година за победа, но Господ ми врати сега на ова. Головите не ми се важни иако постигнав десет, повеќе ми е битно што обезбедивме пласман понатаму, а во втората фаза ќе имаме далеку полесни противници од А групата.


Дејан Периќ (Србија) – Еден од најубавите мечеви го одигравме на ЕП. Сакам да им посакам среќа на македонците, а ние нема за што да жалиме бидејќи секунди не делеа од пласман понатаму. Исто така сакам да им честитам на моите ракометари кои одиграа маестрален турнир во најтешката група на ЕП.

Кирил Лазаров (Македонија) – На вакви натпревари кои одлучуваат неможиш да стигнеш лесно до посакуваниот резултат. Натпревар беше онаков каков што очекувавме. Се играше нервозно и тактички. Станиќ беше супер на нивниот гол, а Манасков не промашува такви зицери кога е потребно. Имаме еден ден за одмор и славање на успехот, а потоа ќе мислиме за следните противници во втората фаза.


Дарко Станиќ (Србија) – Сите честитки за Манасков. Остана смирен во текот на целиот натпревар иако на крајот се зависеше од него. Очекував удар на втора статива, но тој мудро ме почека и направи вистински избор. Мечот беше исцрпувачки тежок и им посакувам на играчите од Македонија многу среќа понатаму.

ЕП: Реми рамно на победа

 

OhridNews