Селекциите на Данска и Шведска ги поделија бодовите во втората рунда од главната фаза откако одиграа без победник 28-28.


Данците имаа водство и од пет погодоци разлика, но швеѓаните постепено ја топеа предноста и на крајот со гол обезбедија бод.

„Црвената фурија“ потешко од очекувањата се справи со Унгарија која капитулираше во финишот со минимални 31-29.


Во последната рунда која ќе решава се во групата Данска ќе се сретне со Германија додека Шпанија силите ќе ги одмери со руската селекција.

Резултати:

Група 2: Шпанија – Унгарија 31-29, Шведска – Данска 28-28.

Табела : Данска 7, Германија 6, Шпанија 6, Русија 3, Шведска 2, Унгарија 0. 

OhridNews