Македонија со погодокот на Дејан Манасков во послендата секунда од мечот избори реми 27-27 (13-13) со Србија и обезбеди пласман во втората фаза од Европското првенство.


Двете селекции играа по жица, никоја од селекциите не поведе со повеќе од два разлика во текот на целиот натпревар.

Србија добро го отвори мечот, а „црвено жолтите“ се разбудија на средината од првиот дел и успеаја да поведат со 12-10, но ја прокоцкаа предноста и на полувреме на семафорот стоеше (13-13).


Водството во вториот дел се менуваше наизмечно, а во последната минута Македонија влезе со негатива од 26-25.

Прво, Стоилов израмни на 26-26, а одма во следниот напад србите преку Ѓукиќ поведоа со 27-26. Погодокот вреден пласман во следната фаза го постигна Манасков во последната секунда од мечот.

Македонија во втората група на ЕП ќе почне без бодови, но вистинските мечеви допрва ќе доаѓаат.

Мх.П.