Македонската ракометна репрезентација со реми против Словенија 28-28 (10-13) ги започна контролните натпревари во пресрет на Европското првенство во Полска.


Во првиот од двата пријателски натпревари со словенците избраниците на селекторот Ивица Обрван покажаа карактер не предавајќи се во ниту еден од мечот.

Ремито ракометарите на Македонија го обезбедија со одбранет напад и погодок од пенал во последната минута од натпреварот.

Капитенот на Македонија, Кирил Лазаров со седум погодоци одново беше број еден во нападот, а четири реализираше Митков.

Вториот контролен натпревар со „змајчеките“ македонските репрезентативци ќе го одиграат во вторник со почеток во 18:30 часот.

Мх.П.