Поразот од Кипар 2-1 во Зеница на стартот од квалификациите за Европското првенство во Франција ја прели чашата кај босанските репрезентативци кои не се задоволни од селекторот Сафет Сушиќ.

Според храватските медиуми нетрпението меѓу репрезентативците и селекторот Сушиќ трае една година, а сега излегува на виделина.

Нетрпеливоста почнала откако Сушиќ за пријателскиот натпревар со Египет пред почетокот на Мундијалот го повикал Хајровиќ кој претходно одбил да игра за босанците.

Покрај обидите на постарите репрезентативци да се тргне Хајровиќ не успеале и тој беше дел од селекцијата на Мундијалот.

Босанците не ја минаа групата (Аргентина, Нигерија и Иран) иако беа втор фаворит за пласман во нокаут фазата.

 

Мх.П.