Директорот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге застана во одбрана на својот фудбалер Франк Рибери, откако претседателот на УЕФА, Мишел Платини најави суспензија доколку не се јави на поканата од репрезентацијата, пренесе Bild.

Румениге инсистира на тоа дека Рибери ја завршил репрезентативната кариера, поради што не може да биде подложен на суспензија која ја споменува Платини

„Како што Филип Лам разговараше со селекторот Јоаким Лев, така и Рибери разговараше со Дешамп. Се е според правилата на ФИФА“, рече Румениге.

Платини се закани дека Рибери ќе биде суспендиран на три меча доколку не се јави на повикот на селекторот.

Фудбалерот на Баерн доби поддршка и од најголемиот ривал Борусија Дортмунд.

Ohridnews