Португалската фудбалска селекција забележа нова победа во квалификациите за Европското првенство во Франција совладувајќи ја Ерменија со 3-2 на гостински терен.
Предводник на „селесао“ до четвртата победа во петтиот натпревар беше Кристијано Роналдо, кој постигна три погодоци.
Во текот на целиот натпревар најдобриот фудбалер на светот беше провоциран од публиката, која го скандираше името на Лионел Меси.
Резултати :
Група Д : Ирска – Шкотска 1-1, Полска – Грузија 4-0, Гибралтар – Германија 0-7.
Табела : Полска 14, Германија 13, Шкотска 11, Република Ирска 9, Гибралтар 0.
Група Ф : Финска – Унгарија 0-1, Фарски Острови – Грција 2-1, Северна Ирска – Романија 0-0.
Табела : Романија 14, Северна Ирска 13, Унгарија 11, Фарски Острови 6, Финска 4, Грција 2.
Група И : Ерменија – Португалија 2-3, Данска – Србија 2-0.
Табела : Португалија 12, Данска 10, Албанија 7, Србија 2, Ерменија 1.
Мх.П.