Да, по остварување на првичната цел и пребродувањето на трите инфракт мечеви сите можат да здивнат и да земат длабок воздух за престојните три.


Конечно, и среќата беше на страната од „црвено жолтите“ на големите натпреварувања бидејќи секој памети што ни се случи против Данска на ЕП 2012 година, а и понатаму.

Ракометарите во клучните моменти на мечот со Србија добро се износија со притисокот кој беше нивни најголем противник во третиот натпревар од ЕП.


Сите сме свесни дека ремито со Србија со погодокот во последните секунди не е врвот на оваа селекција туку тоа ќе го покажат на следните три мечеви од втората фаза.

Фото : 24ракомет
Михаил Постоловски