Селекторот Ивица Обрван ја направи првата ротација во составот откако одлучи капитенот на Вардар, Филип Лазаров да и се приклучи на македонската селекција за мечот со Полска во втората рунда од групната фаза на Европското првенство.
Левиот бек го пропушти првиот натпревар со Франција кој Македонија го загуби поради недоволно залечената повреда на бутниот мускул.
По надминувањето на повредата Лазаров се враќа во составот, а од него ќе отпадне пивотменот Жарко Пешевски.
Македонија мечот со Полска го игра во 20:30 часот.
OhridNews