Македонската ракометна репрезентација во втората рунда од групната фаза на Европското првенство ќе се сретне со селекцијата домаќин, Полска.


Дуелот со полјаците кои потешко од очекувањата ја совладаа Србија на стартот ќе биде супер предзвик за македонските ракометари.

„Црвено жолтите“ на мечот со Франција покажаа квалитет и дури во финишот „триколорите“ ја разбија македонската флота.

Средбата со Полска буди победнички спомени од Светското првенство во Хрватска 2009 година и Европското во Србија 2012 годна, но сега овој меч ќе биде супер предизвик бидејќи Полска зад себе ќе има и 15 000 навивачи.

Натпреварот се игра во 20:30 часот, а кафе барот Шила вратите ги отвора за сите навивачи на Македонија и љубители на ракометот.

Мх.П.