Ракометниот евро самит помина во знакот на Норвешките сестрите близначки Кетрин и Кристин Лунде.

Норвежанките на голот ја имаа Кетрин Лунде Харалдсен која беше прогласена за најдобар голман, додека нејзината сестра близначка Кристин Лунде беше прогласена за најдобар плејмејкер.

Ние сме многу горди на овај успех, работевме многу напроно и верувајте беше многу тешко. После Олимпијадата многу девојки се откажаа од националниот дрес , но ние дојдовме овде во Македонија за да го освиме и овај турнир – вели Харалдсен.

Харалдсен работела многу напроно за да стигне до ова што е сега и е пресреќна што успеале да ги минат данките по бројот на освоени титули.

Се надевам дека циклусот ќе го заоокружиме со триумф на СП во Кина – завршува број еден голманот на Европското Првенство.

Нејзината сестра близначка Кристине Лунде беше прогласена за МВП на првенството.

Не очекував дека ќе бидам прогласена за најдобра. Нашата тајна лежи во колективната игра. Ние сме репрезентација во која кога една игра добро сите играат добро.

М.П.