Шпанија со победата над Русија со 30-27, го обезбеди првото место во групата и ќе пренесе три бодови во наредната фаза додека Русија на Европското првенство доживеа фијаско освојувајќи само еден бод.

Во составот на “црвената фурија“
најпрецизен беше Гарсија со шест погодоци, најефикасен кај “зборнајата“
со осум голови Игропуло.

Групата се комплетираше со натпреварот помеѓу Франција – Унгарија, кој му припадна на унгарците со 26-23. “Триколорите“ кои се бранители на трофејот, во досегашниот тек од ЕП разочараа и во втората фаза ќе патуваат без бодови. Шпанија и Унгарија ќе пренесат три бодови.

Мх.П.