Репрезентацијата на Шпанија ја совлада Хрватска со 24-22 и направи голем чекор кон освојување на едно од две први места кои водат во поолуфиналето на ЕП што се игра во Србија.

Франција потешко од очекувањата ја победи Словенија и се врати во игра за местат кои водат меѓу најдобрите четири. Со изгледни шанси остана и Исланд кој славеше над Унгарија.

Резултати:
Унгарија – Исланд 21-27
Франција – Словенија 28-26
Шпанија – Хрватска 24-22

Табела : Шпанија 5, Хрватска 4,  Унгарија 3, Франција 2, Слованија 2, Исланд 2.

Наредно коло (вторник)
16.10 Шпанија – Исланд
18.10 Франција – Хрватска
20.10
Унгарија – Словенија