Селекцијата на Данска со фантастичен пресврт во вториот дел ја совладаа Шпанија 27-23 (11-14) и го запиша шестиот бод во групната фаза.
Триумфот, стрпливите данци го обезбедија со серија од 7-0 од 40-та до 50-та минута кога го свртија во своја полза резултатот (22-18).
На „црвената фруија“ не и помогна ниту фантастичниот Арпад Штербик кој мечот го заврши со 20 интервенци.
Голманот на Вардар немаше помош од соиграчите особено во вториот дел кога целосно ја загубија главата во надигрувањето со данците.
За оваа дерби пресметка да биде во знакот на голманите се погрижи Никлас Лендин кој застана на 17 одбранети удари.
Со оваа победа данците широко си ги отвори вратите за пласман во 1/2 финалето, а Шпанија во следните два натпревари нема право на грешка.
Резултати:
Група 2 : Германија – Русија 30-29, Шпанија – Данска 27-23.
Табела : Данска 6, Германија 6, Шпанија 4, Русија 3, Шведска 1, Унгарија 0.
OhridNews