Селекторот на македонската репрезентација Звонко Шундовски го објави конечниот список кои 16 ракометари ќе патуваат на Европското првенство во Србија. Во составот се најде пикерот Ванчо Димоски кој беше во трка со времето.


Македонските репрезентативци првиот натпревар на ЕП го играат в недела со почеток во 19 часот, против Шведска во салата “Чаир“.

Ракометарите кои патуваат во Србија :

Голмани :
Петар Ангелов, Борко Ристовски

Крила : Стевче Алушоски, Дејан Манасков, Златко Мојсоски, Владимир Темелков

Бекови : Бранко Ангеловски, Филип Лазаров, Велко Маркоски, Ацо Јоноски, Наумче Мојсоски Филип Миркуловски, Кирил Лазаров. Влатко Митков

Пикери : Ванчо Димоски, Стојанче Стоилов

Мх.П.