Четири кратниот првак на Европските натпреварувања, Шведска на мечот од втората рудна против Чешка го покажаа вистинско лице совладувајќи ги чесите со 33-29. Триумфот на “викинзите“ им го трасираше патот во втората фаза додека Чешка визата за понатаму ќе ја “чекира“ на дуелот со Македонија.

Најефикасен во таборот на Шведска беше, Екберг со десет погодоци, во поразената Чешка, Филип Јиха постигна седум погодоци.

Мх.П.