Селекцијата на Шведска неочекувано лесно ја совлада Хрватска со 35-31 (17-12) во дерби дуелот за првата позиција во А групата.
Триумфот на швеѓаните над селекцијата домаќин на Европското првенство им донесе четири бодови во главната фаза, а од победата на „викинзите“ профитираше Србија која се пласираше понатаму без бодови.
Хрватските ракометари два пати имаа предност на стартот од мечот, а потоа на сцена стапија швеѓаните кои со серија голови се одлепија на 9-4. Таа разлика остана до полувремето и на семафорот стоеше 17-12.
Шведските ракометари со маестрална игра во напад одговорија на агресивната одбрана на хрватите. Во еден момент Шведска имаше девет позитива (26-17) по која стана јасно кој ќе победи на дербито и која селекција ќе се пласира со четири бодови во главната фаза.
Во финишот домаќините анулираа половина од предноста на швеѓаните и стигнаа да го ублажат поразот кој ќе им го отежни патот до 1/2 финалето.
Резултати:
Група А: Србија – Исланд 29-26, Хрватска – Шведска 34-31
Табела: Шведска 4, Хрватска 4, Србија 2, Исланд 2
Група Б: Франција – Белорусија 32-25, Норвешка – Австрија 38-28
Табела: Франција 6, Норвешка 4, Белорусија 2, Австрија 0
OhridNews