Најтрофејната селекција на стариот континент, Шведска е вториот патник во финалето на Европското првенство во Хрватска. „Викинзите“ во второто полуфинале со 35-34 ја совладаа Данска по дополнителните десет минути, откако регуларните 60 завршија 28-28 (12-14) и закажаа меч во финалето со Шпанија.

Швеѓаните испуштија прилика уште во регуларниот дел од натпреварот да ја победат Данска прокоцкувајќи предност од три голови (28-25) во финишот. Данците со три погодоци стигнаа до егал и дополнителни десет минути. Во играта гол за гол во продолжението подобро се снајде Шведска која не падна психолошки и ја совлада Данска која направи буквално се во полуфиналето.

Финалниот меч на ЕП ќе се одигра во недела со почеток во 20 часот и 30 минути, додека дуелот за третото место во кое ќе се сретнат Франција – Данска ќе започне во 18 часот.

OhridNews